Search

Болсонаро и натаму го намалува значењето на епидемијата на коронавирусот

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро продолжи да го намалува значењето на епидемијата од коорнавирусот, наведувајќи дека „ не е сосема така како што е направено да изгледа” и негираше дека се пополнети сите капацитети во болниците во земјата.

Тој апелираше до гувернерите на сојузните држави да не бидат „толку радикални” и предупреди дека мерките за карантин скапо ќе ја чинат економијата, пренесуваат британските медиуми.

Тој процени дека 60 до 70 отсто од бразилската популација ќе биде заразена од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави