Search

Болсонаро именува генерал за министер за здравство

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го именувал генералот Едуардo Пазуелo за нов министер за здравство, откако неговиот претходник поднесе оставка пред 19 дена.

Претходните двајца министри за здравство поднесоа оставки поради несогласувањето со пристапот на шефот на државата кон пандемијата на новиот коронавирус, а Болсонаро изрази надеж дека генералот, кој ја извршува оваа функција од 15 мај и нема никакво искуство во здравството, ќе остане долго на должноста.

Бразил е втора земја во светот по број на заразени со Ковид-19, веднаш зад САД, со повеќе од 560.000 заболени лица и над 31.000 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави