Search

Болни од рак на бели дробови четири месеци без терапија на Онкологија

Болни од карцином на бели дробови веќе четири месеци немаат лек за својата болест. По објавениот текст на 24 инфо дека тешко болни пацинети на Хематологија немаат терапија, односно нема лекови за нив, се јави очајна читателка во нашата редакција и кажа дека нема терапија за нејзината болест.

– Ја видов вашата сторија за недостиг на терапија на Хематологија,  па би сакала да ве известам дека доколку немате информација состојбата е иста и на Онкологија. Лекарства нема веќе четири  месеци. Поконкретно нема лек за карцином на бели дробови. Секојдневно пациентите не лажат дека се доцни со тендерите, и дека тоа е единствената причина зошто го нема лекот. Станува збор за лекот „ерлотиниб“ кој приватно е 95.000 денари, а онкологија го нема 4 месеци, вели читателката која и е позната на редакцијата. Таа прашува кој може да плати приватно 1.500 евра за лек кој треба да го има Клиниката.

Лекот инаку е цитостатик и се дава кај болни од рак кои имаат карцином во напредна фаза или ако претходно не помогнала хемотерапијата.

24 инфо претходнопишуваше дека нема лекови на тешко боли пациенти на хематологија. Станува збор за тешки болести на крвта и леукемии. Пацинетите тврдеа дека на клииката нема лек „хидроксиуреа“ и „тромборедуктин“ веќе десетина дена. Дел од нив се без терапија веќе неколку денови иако нивни блиски тврдат дека без терапија не смеат да бидат ниту еден ден. Директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска- Ставридис за 24 инфо потврди дека лекови нема.

Таа тврдеше дека треба да поминат уште два дена за да истече законскиот рок за да можат да се повлечат лековите и дека проблем е тендерот. Според неа лекови требаше да има денес, но пациентите велат дека треба да почекаат уште некој ден.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави