Search

Болката не стивнува: Со оваа објава ги расплака следбениците на Инстаграм

Американскиот актер Џон Траволта (67) ѝ посвети емотивна порака на својата покојна сопруга Кели Престон, која во јули минатата година ја изгуби битката со ракот на дојка.

Џон објави фотографија на која актерката е насмевната и порача: „Среќен роденден, Кели. Ни недостасуваш и многу те сакаме“.

Фановите на славниот актер му пружија поддршка во коментарите.

„Таа сега слави со ангелите“, „Сигурна сум дека ја прима целата ваша љубов“, „Беше неверојатна“, „Секогаш ќе се сеќаваме на Кели“, се дел од коментарите.

Познатата актерка почина минатата година од рак на дојката.

„Со скршено срце ви јавувам дека мојата преубава сопруга Кели ја загуби двогодишната битка со ракот на дојка. Храбро се бореше со љубов и поддршка од многумина“, напиша Траволта во јули 2020.

Треба да знаете
Последни објави