Search

Болид на Хамилтон продаден за над 4,3 милиони фунти

Болидот со кој британскиот Формула 1 возач – Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Турција во 2010 година, е продаден за 4.386.000 британски фунти.

Аукцијата на „Сотби” се одржа викендов, по што болидот „Мекларен МП4-25А” стана второ најскапо Формула 1 возило продадено на наддавање. Рекордот го држи болидот „Ферари Ф2001″ кој му припаѓаше на Михаел Шумахер. Тој 2017 година беше продаден за тогашни 5.449.607,43 американски долари.

Ова е, исто така, првиот продаден автомобил управуван од Хамилтон.

Аукцијата се одржа пред 140.000 навивачи на патеката „Силверстоун”, каде што Хамилтон победи завчера. Болидот го управуваше тест-возачот на „Мекларен”, Роб Гарофал, па среќниците на патеката повторно можеа да го слушнат 2,4-литарскиот мотор „Мерцедес-Бенц ФО 108X В8″.

Токму овој болид значително му помогна на Мекларен да го освои второто место кај конструкторите таа година.

Треба да знаете
Последни објави