Search

Болидот на Фетел ќе добие нова шасија за шпанското Гран при

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе добие нова шасија на болидот за претстојното Гран-при на Шпанија. Тимот од Маранело ова го објави во официјална изјава.

– Себастијан ќе добие нова шасија, бидејќи во анализата направена по трката во Силверстон, откривме мало оштетување на шасијата, предизвикана од тешкиот контакт со работ на тротоарот. Оваа штета не дека може многу да влијае на брзината на автомобилот, но замената на шасијата на тимот му се чинеше логична одлука, имајќи ги предвид сите околности, се вели во изјавата на тимот.

Германецот оваа сезона постојано наидува на проблеми и се пожали на однесувањето на автомобилот. Во исто време, другиот пилот на Ферари, Шарл Леклер веќе успеа двапати да заврши на подиумот по пет одржани трки од Светскиот шампионат во Формула 1.

Трката за Големата награда на Шпанија ќе се вози в недела на патеката „Каталуња” кај Барселона.

Треба да знаете
Последни објави