Search

Боки 13 со лисици донесен во Кривичниот суд

Полицијата вечерва го донесе Боки 13 во Кривичниот суд Скопје каде пред истражен судија ќе дава исказ за случајот по пријавата на ОЈО по што судија на претходна постапка ќе одлучи дали за него ќе има притвор или не.

Како што изјавија денеска од ОЈО, Боки 13 и  Зоран Милески Кичеец изнудиле 1,5 милион евра од бизнисмен од кога барале 8 милиони за да влијаат преку обвинител во предметот за кој се водела постапка против него.

Првоосомничениот или Боки 13, се товари и за перење пари, а парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека.

Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.

(Фото: Слободен печат)

Треба да знаете
Последни објави