Search

Боки 13 „лапнал“ 1,5 милиони евра од рекетираниот бизнисмен, па си купувал гардероба

Сопственикот на 1Тв, Бојан Јовановски познат како Боки 13 и бизнисменот Зоран Милески-Кичеец, барале 8 милиони евра од бизнисмен, вмешан во случај истражуван од обвинителство, за да влијаат преку обвинител да ја олеснат постапката против него.

Ова републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, го рекоа на прес конференција за отворена истрага за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Осомничени се две лица, за кои тие не соопштија ниту иницијали, но во јавноста се шпекулира дека станува збор за Боки 13 и за Зоки Кичеец.

Според обвинителството, двајцата од ноември лани, до април годинава, влијаеле преку јавен обвинител да се олесни кривичниот прогон кон одредено лице за кое се водело посттапка.  убедувале осомничено лице во истрага, дека се поврзани со јавниот обвинител кој ја води истрагата, дека можат да ја олеснат постапката. Првично за тоа барале награда од 8 милиони евра, но подоцна сумата била спуштена на 5 милиони евра, од кои примиле 1,5 лилиони евра. Остатокот договориле да се исплаќа на рати во период од четири месеци. Првоосомничениот, кој се товари и за перење пари, парите ги пуштал во промет како легитимно стекнати и со нив купувал разни предмети, облека Откако се посомневале дека средбите со него може да бидат компромитирани, веќе не одржувале средби.

За двајцата осомничени, обвинителството бара притвор, а предистрагата против нив е отворена по поднесена кривична пријава на 2 мај годинава.

Јавниот обвинител засега не е сослушан, но во случај и тој да се најде под сомнение, тој не може да се повикува на имунитет.

На новинарско прашање дали овој случај може да се поврзе со приказните кој ги објавуваше новинарот Бранко Героски, и Рускоска и Јовески посочија дека денеска отвориле истрага токму за да се утврди кој се е оштетен и инволвиран и ги повикаа и охрабрија сите кои имаат информации или се оштетени да пријават.

На прашање дали евентуално се инволвирани и фирми и дали се бара замрзнување на имот, обвинителите одговорија дека засега не е опфатена ниту една фирма и дека на име на првоосомничениот не e пронајден имот.

Треба да знаете
Последни објави