Search

Боки 13 и Јанева денеска со завршни зборови во „Рекет“

Во судскиот процес „Рекет“ денеска се очекува завршни зборови да дадат првоосомничениот Бојан  Јовановски и Катица Јанева, поранешна специјална обвинителка.

На последното рочиште обвинителката Вилма Русковска, рече дека Јовановски и Јанева ги сториле кривичните дела, а се повика на сведочењата на брачната двојка Камчеви и вработена во компанијата „Орка Холдинг“. Таа потсети дека тие потврдиле дека на Боки 13 прво му дале  половина, а потоа милион евра. Обвинителката се повика и на фотографија од домот на родителите на Јовановски, каде спред неа, завршила торбата со пари „Луј Витон“.

На рочиштето беше прикажано видео за кое според Русковска, третоосомничениот Зоран Милевски  Кичеец кој е осуден на три години затвор, откако призна вина на почетокот на судењето, кај Камчев дома вратил друга чанта. Тогаш адвокатите, реагираа дека видеото е презентирано надвор од доказна постапка.

Треба да знаете
Последни објави