Search

Боки ја сликал Катица кај неа дома со 50.000 евра на маса

На денешното рочиште за случајот “Рекет” беа прикажени неколку фотографии од екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а добиени со вештачење на телефонот на Бојан Јовановски.

Во судница беа презентирани фотографии од домот на Јанева. На две од нив, Јанева седи на гарнитура, а на масата пред неа стои и снопче со пари, со банкноти од по 500 евра. Според обвинителството, пак, во снопчето имало 50.000 евра.

На фотографиите направени на 4 февруари 2019 се гледа Јанева како седи на гарнитура во дневна соба, од нозете надолу е покриена со ќебе, а на масичката пред неа, покрај чинија овошје и цигари, има снопче пари во банкноти од 500 евра, во кое според проценка на обвинителството имало околу 50 000 евра. Снопчето од пари е означено дека е од НЛБ тутунска банка.

Двете фотографии се од 4 февруари 2019 две недели пред Боки да ја земе чантата „Луј Витон“ од домот на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев.

Беа прикажени и фотографии од 23 јануари 2019, од 22 феврари 2019 година, од 14.12 2018 година, од 8. 12. 2018 , а освен фотографии беа прикажани и кратки видеа. Видеата траат неколку секунди, а и на нив како и на фотографиите, се гледа како Јанева седи дома, пуши цигара и вели вели: Како ќе одлучат, така ќе планираме. Снопчето пари се забележува и на видеата.

Во телефонот на Јанева се пронајдени истите фотографии од по 500 евра во купче или вкупно 50 илјади евра. Ова го соопшти обвинителката Ивана Трајчева во случајот „Рекет”. За отклучување на телефонот на обвинетата Катица Јанева, марка „ајфон“ кој беше пронајден кај девојката од нејзиниот син Лазар Јанев, обвинителката Вилма Русковска барала меѓународна правна помош од Министерството за правда на САД.

Обвинителството за организиран криминал и корупција барало од СЈО и лозинки од инкрептирани содржини на УСБ-стикови, кои беа одземени при претресот во канцеларијата на ексспецијалната обвинителка Катица Јанева.

На почетокот од рочиштето за Рекет, судијката Васка Николовска рече дека дошле резултати од конзилиумот според кој Јовановски нема канцер.

На денешното рочиште се презентираа докази меѓу кои комуникацијата меѓу Зоран Заев и Боки 13, како и на Јовановски со адвокатот Васил Димошков, како и со лице од Србија, од кое купувал часовник Ролекс вреден 60.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави