Search

Боки нема кaнцер, има гастритис

На продолжението од рочиштето за Рекет, судијката Васка Николовска рече дека дошле резултати од конзилиумот според кој Јовановски нема канцер.

-Нема елементи обвинетиот да не присуствува на рочиштата, а од вештачењето било утврдено дека Јовановски има хроничен гастритис, а нема утврдено малигнитети, па треба да биде прегледан од дигестивен лекар, рече судијката.

Ако сакате обесете ме, ова е фалсификат, рече Боки, кој со адвокатот пак тврдеа дека вчера воопшто не му бил извршен преглед за да му издадат дијагноза.

Вчера судијката Васка Николовска Масевска рече дека ќе наложи конзилијарен преглед на Боки 13 за да се утврди дали е во можност да ги следи рочиштата. Бидејќи судот на почетокот на рочиштетоне добил конзилијарно мислење за состојбата на обвинетиот, таа реши истото да се одржи.

Адвокатот Сашо Дуковски реагираше на одлуката на судот да почне рочиштето бидејќи немало конзилијарен преглед вчера на Клиниката за гастро, оти немало услови, немало лекари не била целосна документација и слично. Бојан не е во состојба да го следи судењето, под седативи и болки.

Дуковски рече дека во затворот немало лекар, истиот бил пензионер и доаѓал на три дена, па немало денеска лекар за да го прегледа и каже дека не може да присуствува на рочиштето.

На денешното рочиште се презентираа докази меѓу кои комуникацијата меѓу Зоран Заев и Боки 13, како и на Јовановски со адвокато Васил Димошков, како и со лице од Србија, од кое купувал часовник Ролекс вреден 60.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави