Search

Боки и Камчев договорале операција на Јанева за намалување на тежината без да се дознае во јавноста

На аудио разговорите презентирани по паузата во судницата, се слушаат гласови на Орце Камчев, Ана Камчева, Бојан Јовановски, Зорам Милевски а се вклучува и Катица Јанева на телефон преку спикерфон. Според емитуваните разговори, Јовановски со Камчев разговараат дека треба да се прави операција за стеснување на желудникот, а иста таква операција требало да прави и Катица Јанева.

Во разговорите Јовановски вели дека во медиумите веќе започнале да пишуваат за тие операции кои биле за подобар естетски изглед и требало да се направи операцијата на Јанева без никој да дознае, само да знаел докторот кој истата ќе ја извршува.

Во разговорот кој беше презентиран во судницата, се слуша како Бојан Јовановски договара операција за Катица Јанева. Тој на почетокот од снимката вели дека Јанева требала да се оперира кај Жан Митрев, а потоа и се јавува на Боки 13 и договара операција на Јанева кај Камчеви

„Катица требаше да се оперира кај Жан Митрев“, вели Јовановски, а Камчева сугерира дека може кај нив во болница, но Јовановски не се согласува поради тоа што медиумите ќе дознаеле и ќе се создадела фама.
Јовановски се јавува кај Јанева и ја вклучува на спикерфон, објаснувајќи за што зборуваат со Камчев, Камчева и Милески.

„Они би организирале се за во „8 Септември“, се да се заврши, цела операциона сала ќе ја префрлат таму“, и кажува Јовановски на Јанева, а таа пак, вели „Веќе сум изморена од тоа. Не треба ништо. Нејќам такви работи. Не познавам никој од нив. Друг пат ќе правиме муабет за тоа“.
„Ќе ја убедиш бе во Италија или Бугарија, ќе отиде“, му вели Милески на Јовановски, а добива поддршка од Ана Камчева која сугерира Јанева да не се оперира во „Жан Митрев“.

Треба да знаете
Последни објави