Search

Боки за Рекет 2: Не може Русковска да биде обвинител ме тераше да ја наместам Ременски

Бојан Јовановски Боки 13 се придружи на барањето за изземање на обвинителката Вилма Русковска.

-Имајќи во предвид дека Русковска го застапуваше Рекет, или Жаде како што првично требало да се вика предметот, барам да се изземе обвинителката која во договор со слободниот граѓанин Зоран Милески Кичеец да оформат предмет и срамна пресуда. Беше донесена одлука тој да биде на слобода за да мести избори. Оваа обвинителка бараше да ја наклеветам Фросина Ременски исто како што направи со Кичеец. Затоа барам да се изземе, рече Јовановски на кого судијката му го исклучи микрофонот.

Претходно, на почетокот на судскиот процес познат како Рекет 2, Јовановски потсети дека како претстедател на Меѓународниот сојуз до судот испратил оставка на функцијата, па се согласи претставник на правното лице да биде адвокат по службено лице назначен од судот.

-Не верувам во дерогираниот систем во кој судите под табла Република Македонија, иако сме Северна Македонија, рече Јовановски.

Бранителот на Фросина Ременски  Владимир Доневски пред да почне расправата побара изземање на обвинителката Вилма Русковска поради сомневање за нејзина пристрасност во процесот.

Судот по ова одлучи да ја прекине расправата и рочиштето го одложи за 21 јули.

Претходно адвокатот Ременски достави до судот два кластери на докази, како и бранителите на Јовановски и Ерцеговиќ. Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“.

Треба да знаете
Последни објави