Search

Боки: Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати. Рускоска: Ти си фукарата?

На денешното судење за „Рекет“ повторно се скараа обвинетиот Бојан Јовановски и обвинителката Вилма Рускоска. Боки 13денеска од Кривичниот суд побара да му биде укинат притворот, иако вчера Апелацискиот суд го отфрли неговото барање. Тој и објасни на судијката Васка Николовска Маевска дека поради препораките на лекарите да се придржува до диететски режим во својата исхрана за неколку дена ќе нема кој да му носи храна во затворот затоа што неговиот татко ќе оди на операција, а мајка му секој ден била на работа.

-Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев, како што некои што не се достојни го цитираа( алудирајќи на Рускоска која го цитираше Делчев на претходните рочишта). Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати“, рече Боки 13,

Откако ја слушна мислата реагираше Рускоска која го запраша судскиот совет:

-Судија, ова фукара мислеше на себе?

На ова реакција на Рускоска, бурно реагираше Јовановски кој извика:

-Како не ти е срам. Срам да ти е.

 

На ваквите препукувања кои беа на крајот од денешното судење судијката Васка Николовска Масевска го отстрани Боки од судењето. Ново рочиште е закажано за петок.

 

Треба да знаете
Последни објави