Search

Боинг 787 на „Бритиш Ерлајнс“ принудно слета во Истанбул

Авион на компанијата „Бритиш Ерлајнс“ кој пренесувал 211 патници, принудно слетал во Истанбул поради проблеми со еден од моторите, пренесе ДПА. Боингот летал од Ченај, во јужна Индија, кон Лондон.

По истекувањето на горивото, авионот имал проблеми со десниот мотор за време на летот, изјавиле службеници на аеродромот и патници.

Пилотот побарал дозвола за слетување во Истанбул, а авионот слетал во 12.30 часот по локално време. Истекувањето на гориво било откриено по проверката на авионот.

Треба да знаете
Последни објави