Search

„Боинг“ ќе им исплати 50 милиони долари на семејствата на жртвите во две авионски несреќи

Американската авиокомпанија „Боинг“ соопшти дека на семејствата на загинатите во последните две авионски несреќи ќе им исплати половина од фондот од 100 милиони долари кој го оформи по падот на двата нејзини авиони од моделот 737 Max.

Компанијата наведе дека за таа цел го ангажирала експертот за обештетување Крен Фајнберг кој ќе ја надгледува исплатата.

Објавата за ангажирање на Фајнберг се случи неколку минути пред сведочењето на Пол Нјорог пред Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Нјорог ги изгуби трите деца и сопругата во падот на авионот 737 Max во март.

Фајнберг за „Ројтерс“ изјавил дека неговиот тим веднаш ќе почне со подготовка на протоколот за побарувања на оние кои ги исполнуваат условите.

Овој експерт досега учествувал во слични процеси, вклучувајќи го и терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Моделот 737 Max на „Боинг“ е приземјен во цел свет по авионските несреќи на „Етиопијан ерлајнс“ и „Лајон ер“ во кои загинаа 346 лица.

Треба да знаете
Последни објави