Search

Боинг планира нов софтвер за авионите „737 МАКС”

Федералната администрација за воздухопловство на САД синоќа соопшти дека авиокомпанијата „Боинг” ќе им издаде официјално упатство на авиопревозниците, на неприземјените авиони „Боинг 737 МАКС”, да им инсталираат нов софтвер за контрола на летање.

Администрацијата соопшти дека рецензијата на софтверот на Боинг ќе биде приоритет, како и обука и сите други мерки.

„Боинг” претходно соопшти дека планира да издаде нова верзија на софтвер за „737 МАКС”.

Авионите на овој модел беа приземјени ширум светот по неодамнешните две несреќи во кои загинаа сите патници и членови на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави