Search

Боинг планира да позајми 10 милијарди долари

Американскиот производител на авиони „Боинг” преговара со банки за заем од 10 милијарди долари или повеќе поради високите трошоци по авионските несреќи на авионите „737 Макс”, изјавил анонимен извор.

Американската мрежа Си-Ен-Би-Си во понеделникот прва информира за преговорите, тврдејќи дека Боинг од банките досега земал најмалку шест милијарди долари.

Извор на Си-Ен-Би-Си рекол дека претставници на Боинг паралелно разговараат и со други кредитори за дополнителни суми.

Друг неименуван извор ја потврдил информацијата и додал дека се уште не познат точниот износ кој Боинг се обидува да го собере, ниту дали американскиот гигант ќе се одлучи да продава свои акции.

Претставници на компанијата одбија да ги коментираат овие информации.

Светските агенции минатиот петок јавија дека американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) веројатно нема да одобри враќање на авионите „737 Макс” во промет пред март, додавајќи дека би можеле да останат приземјени и до април, а можеби и подолго.

Авионите беа приземјени во март минатата година после две несреќи во кои загинаа вкупно 346

Треба да знаете
Последни објави