Македонија

Божиновски за „Плацови на Водно“: На Груевски никогаш не сум му дал пари во кеш

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно“, денеска изјави дека до обвинетиот Никола Груевски, никогаш не доставил пари во готово. Тој, воедно посочи дека нема информација во однос на прашањето дали обвинетиот Груевски, примал донации без негово присуство.

Од страна на бранителот на Груевски, поставен по службена должност, сведокот Божиновски беше прашан и за тоа дали има сеф во неговата канцеларија во Владата.

– Во Владата немаше сеф. Во канцеларијата во новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ многу ретко сум влегол, може да се бројат на прсти. Состаноците во главно ги одржувавме во Владата. Не можам да се сетам дали имало сефови во старата зграда на ВМРО-ДПМНЕ. Во мојата канцеларија имаше две сефа, од кои едниот нефункционален, рече сведокот Божиновски.

Меѓу другото тој одговараше и за односот меѓу него како Секретар на Владата и тогашниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, за кого рече дека има комуникација во однос на работата и дека никогаш од него не добил финансиски средства.

Следното рочиште за овој предмет е закажено за 28 јануари.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Поврзани вести

ССМ бара итна средба со Владата, во ребалансот не гледаат пари за зголемување на платите од 2806 денари

Igor

Богоев: СДСМ покажа дека има план како да им помогне на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како да им одмогне

Igor

Петков го повика Радев да свика Совет за безбедност за преговорите со Македонија

Igor

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

anime to watch 4Anime Fairy Tail (Dub)

4anime biz The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

4Anime Fairy Tail

4Anime The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 7

anime streaming Tokyo Revengers