Search

Богојески: Гласот за 10-ка е глас за победа на граѓаните врз политичарите

Носителот на листа за пратеници од Македонски концепт за ИЕ1, заедно со кандидатите за пратеници за ИЕ2, како дел од теренските активности – средби со граѓани денеска ги посетија пазарот во Бутел, Бит Пазар и Стара скопска чаршија.

– Не е проблемот само во Владата, туку во целиот политички систем кој си игра со животот на граѓаните 30 години наназад. Луѓето веруваа дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, СДСМ ќе донесе промени. Напротив, ништо не се промени. Но овој пат Македонски концепт нуди избор. Јас сум уверен дека на 15 јули граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и наместо да останат дома или да поништуваат гласачки ливчиња, одлучно ќе заокружат 10-ка. Затоа што глас за 10-ка значи глас за промена, глас за гаранција дека оваа власт ќе ја казниме, а нема да дозволиме ниту обнова на бандитизмот од минатото, изјави Петар Богојески, лидер на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1.

Од Македонски концепт истакнуваат дека граѓаните на Македонија заслужуваат држава во која може да живеат достоинствено.

-Ова е последна шанса да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10-ка за победа на граѓаните врз политичарите, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави