Search

Богоев: 2023 ќе биде година на економски пресврт и уште поголем напредок во евроинтеграциите

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев на трибината „Силно и одлучно кон иднината” која се одржа во општина Центар, порача дека СДСМ во во оваа кризан година покажала што значи вистинска грижа за граѓаните и дека следната, 2023 година, ќе биде година на економски пресврт.
– Проекците на ЕБОР се дека македонската економија следната година ќе расте околу 2,3 отсто, а поткрепа во тоа ќе има и во Буџетот кој е развоен и е одговор на светската економска криза. Во Буџетот се предвидени средства за нов раст на пензиите, за околу шест отсто, повторно ќе расте и минималаната плата. Над 50 отсто повеќе средства се предвидени за капитални проекти, се нови атопатишта, нови детски градинки и училишта, нови водоводи и канализации, порача Богоев додавајќи дека и покрај обидите за блокада од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, државата сигурно чекори кон европскиот пат и го почна процесот на преговори за полноправно членство во ЕУ.
Градоначачникот на општина Центар, Горан Герасимовски порача дека во изминатата година тој и неговиот тим покажале што значи ефикасност во работата и грижа за општината.
– Во првата години реализиравме 90% од зацртаните проекти. Ако сакаме граѓаните да ни веруваат, тогаш мораме да го испорачаме ветеното и за тоа не смее да има оправдувања. Потребна е напорна работа и професинализација, а со тоа ќе расте и ефикасноста. Силно верувам дека уште пред крајот на мандатот ќе ги реализираме сите ветувања од изборите, порача Герасимовски.
Членката на ЦО, Размена Чекиќ посочи дека антикризните мерки што Владата ги презема даваат резултат и се осврна на последната мерка за обезбедување на фиксна цена на електричната енергија за компаниите производители на основни продукти, истакнувајќи дека благодарение на таа мерка, веќе има намалување на цената на лебот, маслото за јадење и млечните прозиводи и дека во периодот што следи тие цени дополнително ќе се намалуваат.

 

Треба да знаете
Последни објави