Search

Богоев: Во Трнодол нема да се гради никаква нова населба

Богоев: Во Трнодол нема да се гради никаква нова населба

На денешната прес-конференција во населбата Влае 2 за селекција на отпадот, во рамки на новинарско прашање за Деталниот урбанистички план за населбата Трнодол, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев нагласи дека никаква нова населба нема да има над Трнодол, и дека соседната населба Жданец воопшто не е опфатена со ДУП-от.

-Морам да потенцирам дека согласно барањата на граѓаните на Трнодол од летово, ние се согласивме да одржиме нова јавна презентација и нова јавна расправа за предложениот ДУП. Од утре започнува нова јавна презентација по претходно направена јавна анкета, што значи утре нема да се носи Деталниот урбанистички план. Јас како градоначалник на Општина Карпош имав средба со седум претставници од населбата, на која присуствуваше и претставник од Град Скопје, како и стручни лица од Општината. Од таа средба произлегоа и барања на граѓаните кои ние ги прифативме, а за сето тоа постои и уреден записник. Сите граѓани кои ќе градат согласно позитивните законски прописи, се должни да направат геомеханички истражувања на земјиштето, и доколку има потреба да постават шипови (бетонски статички конструкции), за да се направи стабилизација на земјиштето, нагласи првиот човек на Општина Карпош Богоев.

Градоначалникот, исто така, напомена дека локалната самоуправа во изминатиот период максимално транспарентно и јавно го презентирала овој ДУП, и ги отфрла сите лажни вести, повикувајќи ги граѓаните да не веруваат на политички конструкции и манипулации пласирани од поединци поради нивни лични или партиски мотиви.

Треба да знаете
Последни објави