Search

Богоев: Ако ДПМНЕ води двојно на анкетите, зошто е тогаш оваа хистерија и харанга кон Ковачевски со лажни вести и непостоечки афери !?

По серијата обвинувања испратени од опозициската ВМРО ДПМНЕ на адреса до лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, вечерва преку социјалните мержи се огласи Стефан Богоев потпретседателот на владеачката партија.
-Ако ДПМНЕ води двојно на анкети како што тврди, зошто е тогаш оваа хистерија и харанга кон Ковачевски со лажни вести и непостоечки афери !?
Ако се нивните анкети точни, како тогаш изгубија двојно во Маврово – Ростуше и Центар Жупа !?
Грујовата матрица на фингирани анкети и лажни вести сеуште владее во ДПМНЕ.
И после 5 години, во оваа партија ништо не се менува !
Треба да знаете
Последни објави