Search

Богдановиќ: Нема да се градат 60-катници кај Холидеј ин

Богдановиќ: Нема да се градат 60-катници кај Холидеј ин

Деталниот урбанистички план за Мал ринг во моментов е под мораториум и висококатниците за кој зборува Трајковски нема да се градат, уверува градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, откако директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор најави во интервју за МИА дека на паркингот кај Холидеј ин се предвидени три 60-катници со намена за бизнис центар.

Како што вели Богдановиќ Деталните урбанистички планови ќе претрпат измени со тоа што ќе се намали катноста на предвидените објекти.

-Се уште не е издадена градежна дозвола за овој простор, така да катноста може да се намали со измена на ДУП-от, а тоа и ќе го направиме – вели Богдановиќ.

Треба да знаете
Последни објави