Search

Општина Центар ќе стори се за нормално функционирање на угостителските објекти

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, имаше средба со претставници на угостителите од општината.

Од Општината соопштија дека во текот на неделата ќе се организираат повеќе состаноци со угостителите, распоредени територијално и етапно, со цел почитување на мерките и препораките за зголемена безбедност поради коронавирусот.

„Овој состанокот се одржа по иницијатива на Општина Центар, Полициската станица – Центар и СВР – Скопје заради актуелната ситуацијата со кризата предизвикана од вирусот. Со угостителите разговаравме за реорганизација на работата на угостителските објекти, обезбедување услови за зголемување на нивниот капацитет на работа врз основа на насоките и препораките од надлежните институции“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Тој најави дека општината ќе ги разгледа сите барања и предлози и ќе се реализира сè што е неопходно за нормално функционирање на објектите, со доследно почитување на препораките за заштита од вирусот и во согласност со законската рамка.

Командирот на ПС – Центар, Милисав Мијаличиќ изјави дека благодарение на донацијата на велосипедите и велосипедската опрема од Општина Центар, ќе се овозможи зголемено присуство на полициските службеници на терен, со цел брза и ефекисна реакција по пријави од граѓаните на територијата на општината.

Треба да знаете
Последни објави