Search

Богдановиќ и посака среќен почеток на првачињата во ООУ „Коле Неделковски“

Денеска со моите колеги од Општина Центар, претседателката на Советот, Цветанка Симоновска, претседателката на Комисијата за образование, Биљана Чурилова и раководителката на секторот за Јавни дејности, Јагода Јанковска имавме чест да им посакаме успешен и среќен почеток на првачињата во ООУ „Коле Неделковски”, напиша на Фејсбук Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Ценар.

-На креативен начин, тимот од училиштето симулираа наставен час на отворено за првачињата и преку музичко-сценски настап од страна на учениците, ги презентираа насоките и мерките кој секој ученик треба да ги почитува за безбедна реализација на наставата. Како локална самоуправа, свечениот прием на ученици го спроведовме во сите основни општински училишта, согласно безбедносните протоколи и новите адаптирани услови за настава- стои во објавата на Богдановиќ.

Треба да знаете
Последни објави