Search

Богдановиќ: Да се самозапалам за да реагира некој за гаражата на „Никофон“

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општината не доставила доволно документација за случајот катна гаража на „Никофон“.

Тој денеска јавно покажа документи за официјалните преписки на Општина Центар со
Обвинителството во 2015, 2016 и од 2019 година. Во 2016-та година биле доставени вкупно 72 списи во кои се одобрението за градње, режим на сообраќај, водовод, целокупна документација за предметот катна гаража „Никофон“. Неколку пати имале и дополнителна достава по првата пријава, а во 2019 година откако тој е градоначалник на Општината, на 27.09. доставиле документација до МВР, на 13.08 имале допис до ОЈО, на 15.08 дале дополнување, а на 31 октомври побарале информации од Обвинителството до каде е предметот. Одговор вели дека не добиле.

-Нека ни каже Обвинителството дали сме во право за да знаеме како понатаму да
постапиме. Не знам што уште треба да направам за да отворат предмет. Да земам да се
самозапалам за да реагира некој, рече Богдановиќ.

За да докаже пред јавноста дека Општината преземала мерки од 2015 до 2019 во врска
со овој предмет, градоначалникот денеска презентираше кусо видео за се што е поврзано
со катната гаража „Никофон“ од донесувањето на урбанистичкиот план во 2012 и јавниот
повик за продажба на државно земјиште се до денеска.

Во видеото е направена и пресметка за тоа колку требало да изнесува почетната цена за
продажба на земјиштето. Наместо почетна цена од 1.850 денари Општина Центар смета
дека наддавањето требало да почне со цена од 5.600 денари по квадрат.

-Ова се нашите сомневања и сметаме дека ќе се постигнела повисока цена доколку
почетната цена била 5.600 денари, рече градоначалникот.

Треба да знаете
Последни објави