Search

Богат Саудиец ја врзал куќната помошничка за дрво зошто направила грешка

Богато семејство во Ријад ја врзале својата куќна помошничка за дрво како казна зошто го оставила мебелот на сонце, објави „Дејли мејл“.

26-годишната Филипинка Лавли Акоста Баруело, неколку месеци работела за семејство во Ријад, во главниот град на Саудиска Арабија. Но во еден момент, како што се наведува, таа ги налутила сопствениците, бидејќи на сонце оставила парче скап мебел, поради што можел да избледи.

Поради инцидентот, сопствениците ја врзале за дрво, а нејзината колешка, исто така Филипинка, го фотографирала казнувањето. На фотографијата се гледа како Баруело е врзана во градината.

Филипинското министерство за надворешни работи соопштило дека е запознато со ситуацијата на кршење на правата на работниците, како и дека ѝ помогнало на мајката со две деца да се врати дома.

„Лавли Акоста Баруело од Саудиска Арабија стигна во Манила на 9 мај во 20.55 часот по локално време“ рекол портпаролот на министерството.

Жената која тврдидека е вработена кај истите сопственици, како и Баруело, го известила филипинското МНР и побарала помош, бидејќи нејзиниот претпоставен казнува за секаква ситница.

Треба да знаете
Последни објави