Search

Зеленски се противи на доделување специјален статус на Донбас

Украинскиот претседателски кандидатВладимир Зеленски е против идејата за доделување специјален статус на Донбас, рече тој во интервју за новинската агенција РБЦ Украина објавено денес, пренесува ТАСС.

Одговарајќи на прашањето дали регионот Донбас треба да добие специјален статус, Зеленски рече: „Сметам дека не треба”.

Тој признава дека решението за конфликтот во регионот нема да биде брзо.

„Ова е нашата голема приказна и ќе ни одземе долго време за да ја решиме оваа криминална ситуација,” посочи тој.

Според Зеленски, една од алатките за средување на конфликтот е инфовојна.

„Она што може да ни помогне тука е инфовојната. Се надевам дека информациите ќе им помогнат на овие луѓе да разберат дека им треба Украина и Украина има потреба од нив и дека тие се исти Украинци како и другите”, рече тој.

Конкретно, Зеленски предложи создавање голем европски медиумски портал на руски јазик, кој ќе емитува низ Европа и ќе ја раскаже вистината за настаните во Украина што граѓаните на Донбас сакаат да ја слушнат.

Зеленски ги окарактеризира граѓаните на териториите на Донбас кои не се под контрола на Киев како заложници. Во меѓувреме, тој ја отфрли идејата за потпишување закон за амнестија за оние кои учествуваа во борбените акции во Донбас.

Мировниот договор од Минск предвидуваше уставни реформ иза Украина според кои Донбас ќе добие специјален статус на трајна основа. Сепак, украинскиот парламент не ги усвои уставните амандмани.

Законот за специјален статус претходно усвоен од страна на Врховната Рада е во основа замрзнат до изборите во регионот. Покрај тоа, ниту уставните амандмани ни законот не гарантираат давање специјален статус на Донбас на трајна основа, а овој период е ограничен на само три години.

Во првиот круг од претседателската трка на Украина на 31 март, кандидатот од партијата „Слуга на народот“, Владимир Зеленски, доби 30,24 отсто од гласовите, додека актуелниот украински претседател Петро Порошенко, кој бара втор мандат, е на второ место со 15,95 отсто од гласовите. Вториот круг од изборите е закажан за 21 април.

Треба да знаете
Последни објави