Search

Богата културна програма по повод патронот на Кратово св.Ѓорги Кратовски

 Локалната самоуправа на Кратово во соработка со институциите од областа на културата од општината организираат богата културно-забавна програма по повод патрон-празникот на градот, свети Ѓорги Кратовски, чиј спомен православната црква го честува на 24 февруари.

Од општината информираат дека годинава празнувањата се проширени и се распоредени во тридневна програма за сите генерации, жители на Кратово и посетители.

-Вчера се одржа изложба на фотографии „По трагите на св.Кирил и Методиј”, а за најмладата популација гостуваше  Театарот за деца и младинци, Скопје со претставата за деца „Лакомата меца”. Вечерва, во пресрет на патрониот празник, на градскиот плоштад со почеток во дваесет часот ќе се одржимузички хепенинг, а на забавниот спектакл ќе настапат  Александра Јанева , „Фидбек бенд” и  групата  „Девојките”- Тhe chiks, посочија од службата за јавни дејности при локалната самоуправа на Кратово, упатувајќи отворен повик до сите граѓани од Кратово и соседните општини да присуствуваат на настанот.

Во ракми на прославата, под покровителство на општината организирани се и спортски ативности, традиционален повеќедневен фудбалски турнир итурнир во пинг-понг.

Утре, по повод 24 февруари, кога православната црква го празнува споменот на патронот и заштитник на градот Кратово, Св. Новомаченик Ѓорѓи Кратовски, чествувањето ќе отпочне со света Божествена литургија на свештенството од МПЦ – ОА, по што ќе следува водокрст на градскиот плоштад во 10 часот и 30 минути.

Од 11 часот на плоштадот е настапот на Културно-уметничкото друштво „Ефрем Каранов” – Кратово и КУД „Тодор Јанев” Чашка, а во 12 часот во Музеј на град Кратово ќе се одржи промоција на книгата „Светот во мене и светот до мене” на Марија Монеска

Треба да знаете
Последни објави