Search

Бобан го убедува Ракитиќ да дојде на „Сан Сиро”

Милан работи напорно да го убеди играчот од средниот ред на шпанскиот фудбалски првак  Барселона, Хрватот Иван Ракитиќ, да се пресели на „Сан Сиро“. Според најновите информации, спортскиот директор на тимот Звонимир Бобан лично ја преземал задачата да го убеди својот сонародник да пристигне во Милано и да му помогне на тимот да застане на здрави нозе во наредните неколку сезони.

Добро е познато дека искусниот фудбалер не е стартер кај Каталонците заради присуството на младиот Френки де Јонг, кој завладеа во средниот ред од пристигнувањето од холандскиот шампион Ајакс. Името на Ракитиќ е силно поврзано и со другиот голем тим од Милано – Интер. Во секој случај, Барселона ќе се раздели со него во јануари, како што е и желбата на самиот фудбалер.

Треба да знаете
Последни објави