Search

Боатенг: Бев подготвен да трчам до Барселона

Новиот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг изјави дека бил подготвен да трча до „Камп Ноу”, а не да чека авион, за да го комплетира својот трансфер. 31-годишниот фудбалер ги положи медицинските прегледи и го потпиша договорот со клубот.

Поранешниот репрезентативец на Гана ќе игра под наем на „Камп Ноу” до крајот на сезоната, а каталонците ќе платат 1 милион евра за него. Веста беше официјално потврдена од потпретседателот на клубот, Жорди Местре.

Ако Барселона сака да ги откупи целосно правата на Боатенг, ќе треба да плати уште 8 милиони евра на Сасуоло следното лето. Боатенг ќе игра со број 19 во Барселона.

– Чувството е неверојатно. Вчера утро бев тажен, бидејќи морав да го напуштам мојот тим. Имавме одличен тим, но им објаснив на моите соиграчи дека моето доаѓање во Барселона е можност, што не можам да ја пропуштам. Бев подготвен да трчам за да дојдам тука, а не да се качувам во авион, рече Боатенг.

Тој изјави дека да игра на „Камп Ноу” е голема чест и е „многу, многу, многу среќен” што потпишал со тимот.

– Не сум разговарал со тренерот, но знам дека сум тука за да играм во почетниот состав. Во овој тим има неверојатни фудбалери. Јас сум тука поради моето искуство и за да му помогнам на тимот. Меси е најдобар играч во светот, додека Суарез е најдобриот напаѓач во светот. Тие играат неверојатно, а шансата да се игра со нив е голем подарок, додаде Гана.

Поранешниот играч на Милан и Шалке 04 додаде дека улогата на „деветка” е совршена за него.

– но тренерот ќе одлучи каде ќе ме користи, бидејќи можам да играм на различни позиции, но се чувствувам многу добро како „деветка”. Јас сум физички многу добро. Во сабота играв 90 минути со Сасуоло. Тука сум да играм добро и да останам уште многу години. Тоа е мојата цел, сподели Принс.

Треба да знаете
Последни објави