Search

Блумберг: Трамп ќе ги „изеде” кандидатите на Демократската партија

– Претседателскиот кандидат Мајкл Блумберг денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лесно ќе го победи било кој ривал од демократскиот кампус за влез во Белата куќа на изборите следната година, отворено изјавувајќи „Доналд Трамп ќе ги изеде”.

Блумберг (77), медиумски могул, милијадер и поранешен градоначалник на Њујорк, минатиот месец се вклучи во предизборната трка, пренесоа британските медиуми.

Тој приватно и досега ги омаловажуваше своите демократски претседателски ривали, но ова е првпат да е толку критичен кон нив во јавноста.

Во интервју за Си-Би-ЕС Блумберг кажа „гледав како нашата национална влада станува се полоша, како се однесува во странство и во земјата, на чело со нашиот претседател” и додаде дека уште во 2016 година кажал дека Трамп е погрешна личност за  претседател, дека нема темперамент, етика и интелект за таа работа.

Блумберг наведе дека не сакал уште четири години од тоа, но кога ги погледнал другите кандидати, помислил „Трамп ќе ги изеде”.

Блумберг и уште 14 други демократи се натпреваруваат да станат кандидат на демократите кој ќе ги одмери силите со републиканскиот претседател Трамп на изборите во ноември 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави