Search

„Блумберг”: Трамп размислува за смена на шефот на ФЕД

Американскиот претседател Доналд Трамп изминативе денови во неколку наврати со своите соработници разговарал за смена на претседателот на Управата на федерлните рерзеви (ФЕД), Џером Пауел, тврди „Блумберг”, повикувајќи се на неименувани извори во Белата куќа.

Според овие извори, Трамп бил незадоволен од Пауел по овонеделната одлука на ФЕД, која ја има улогата на централна банка на САД, за зголемување на нејзината основна каматна стапка.

„Блумберг” наведува дека советниците го предупредиле Трамп дека смената на Пауел би претставувала „катасторфален потег”.

Портпаролите на Белата куќа и на ФЕД не сакале да ги коментираат ваквите сознанија на „Блумберг”.

Пауел на местото прв човек на ФЕД беше именуван од Трамп, по што неговото именување го одобри Сенатот. Доколку Трамп покрене иницијатива за смена на Пауел, неговото разрешување повторно ќе тѕреба да го одобри Сенатот.

Треба да знаете
Последни објави