Search

Блокотехна прв финалист во кошаркарскиот куп

Кошаркарите на Блокотехна се првите учесници во големото финале од кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во Гевгелија го победија Гостивар со 92:87.

Тимот предводен од тренерот Марјан Илиевска до триумфот дојде со подобра игра и резултатски пресврт направен во второто полувреме. А ваков исход не навестуваше првото полувреме во кое доминираа гостиварци и го решија во своја корист со 54:44.

Сепак, во вториот дел, Блокотехна постигна 48 поени, додека противникот застана на само 33.

Брендон Пен со 30 поени беше најзаслужен за историското, прво куп финале на тимот од Гевгелија.

Во поразениот тим се истакна Ефианаи со 20 поени.

Во второто полуфинале вечерва од 20:15 часот ќе се сретнат Работнички и МЗТ Скопје Аеродром

Треба да знаете
Последни објави