Search

Блокиран приштинскиот аеродром поради штрајк на контролорите на летање

Ниту еден авион не полета, ниту слета на приштинскиот аеродром „Адем Јашари” од утрово во 8 часот, поради штрајк на контролорите на летање, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вработените во Службата за воздушна навигација (АШНА) штрајкуваат веќе втор ден, со барање за измени на Законот за плати, односно за зголемување на нивните примања, а најавуваат дека штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, до исполнувањето на нивното барање.

Косовскиот министер за инфраструктура Паљ Лекај изрази загриженост поради блокадата на аеродромот, предупредувајќи дека нејзиното продолжување ќе има тешки последици за Косово.

Меѓународниот аеродром во Приштина ќе биде отворен за сообраќај по 12 часот. 

Треба да знаете
Последни објави