Search

Блокирана сметката на ВМРО-ДПМНЕ, уште не се платени позлатените рамки и сликите од Груевски

Извршител ја блокирал сметката на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови поврзани
со уметничките слики, односно рамките, поставени во седиштето на партијата, дознава А1он.

Сумата која партијата треба да ја плати е засега непозната, а долгот е од времето на поранешното
раководство на чело со претседателот Никола Груевски.

Сликите беа поставени по изградбата на новото партиско седиште, кое е луксузно опремено. Фирмата која ја блокирала сметката, досега од партијата не ја открија. Оттаму само ја потврдуваат информацијата за долгот и напоменуваат дека тој е од пред неколку години.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ по изградбата беа околу 270 уметнички слики. Мотивите
на сликите се од партиските собири, а има и такви каде е насликано поранешното раководство на партијата. Дел од нив добија и позлатени рамки.

Имотот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е исто така замрзнат од Обвинителството, трета
година по ред. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој
се наоѓа седиштето на партијата.

Треба да знаете
Последни објави