Search

Блокирана руската резолуција во ОН

САД, ЕУ, Велика Британија, Украина и Грузија не му дозволија на Генералното собрание на ОН да ја усвои нацрт руската резолуција, сооптшија руската мисија во светската организација.

Во руската резолуција се повикува на укинување на еднстраните санкции кои им оневозможуваат на земјите да се борат против пандемијата на коронавирусот, пренесува „Спутник“.

Русија претходно предложи Генералното собрание да узвои Декларација за солидарност во борбата против коронавирусот. Во документот се нагласува главната улога на СЗО во борбата против пандемијата.

Во текстот на документот се предвидува државите да соработуваат меѓу себе и со СЗО во рамки на напорите да се осмислат начини во борбата против ширењето на Ковид-19 и лекување на оваа болест.

Исто така, се повикуваат државите да помогнат на оние земји кои претрпеле најмногу жртви и штети од вирусот, вклучително и земјите во развој, како и да се престане со трговските војни и примената на едностраните санкции усвоени во ОН. Со Русија, на документот работеа уште 28 земји-членки на светската организација.

Треба да знаете
Последни објави