Search

Блокбастерот „Мулан” со слаба заработувачка во Кина

Римејкот на филмот „Мулан” на Дизни заработи 23,2 милиони долари за време на викендот во Кина, што е слаб почеток за високобуџетниот блокбастер за кинеската национална хероина на нејзиниот најважен пазар.

Филмот „Мулан” не успеа да го надмине „Тенет” на Кристофер Нолан, кој заработи 29,8 милиони долари во Кина една недела порано. „Мулан” е дизајниран да привлече голем број гледачи во Кина.

„Мулан”, чија продукција чинеше 200 милиони долари, беше погоден од политички контроверзии, па наиде на поделени критики во Кина.

Филмот предизвика критики на социјалните мрежи. Некои дури повикуваа на бојкот поради поддршката која ѕвездата на филмот ја упати за полицијата во Хонг Конг, но и затоа што делумно беше снимен во регионот Шинџијанг, каде Кина ја сузби етничката група Ујгури и други муслимани, што беше критикувано од некои влади и групи за човекови права. .

Кинеските власти дадоа директива до медиумите да не известуваат за пристигнувањето на филмот во киносалите.

Вкупната заработка на Мулан до вчера достигна 37,6 милиони долари за седумте земји каде што беше прикажан филмот.

Дизни овозможи да се гледа Мулан преку Интернет во САД и во други земји каде што е достапна стриминг услугата Дизни +.

Треба да знаете
Последни објави