Search

Макрон направи на европските функционери да се гледа како лажговци

Првите луѓе на институциите на ЕУ ја осудија блокадат од францускиот преседател Емануел Макрон за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија. ЕУ-фукционерите кои се на заминување цело време беа оптимисти, посебно по исполнувањето на бараните услови од нивна страна за земјава да ги почне преговорите, во очите на граѓаните од регионов станаа лажговци. Не си ги исполнија ветувањата.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на крајот од евро-собирот во Брисел рече дека станува збор за „голема историска грешка“ и додаде: „Ако сакаме да бидеме почитувани, треба да ги исполнуваме нашите ветувања“.

Првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск ја опиша блокадата како грешка. „Ова не е неуспех, ова е грешка. Се чувствувам навистина засрамено“, „Двете држави си ги положија испитите; не можам да го кажам ова за нашите земји-членки“.

Францускиот претседател Макрон стапи во конфликт и со германската канцеларка Ангела Меркел. На оваа горчлива тема се осврна угледниот британски весник „Гардијан“ кој потенцира дека и Данска и Холандија, имале свој удел во блокадата на Македонија и Албанија кон ЕУ.

Според весникот Северна Македонија беше наведена да верува дека патот до членството во ЕУ ќе ѝ биде отворен откако ќе го реши тридеценискиот спор за името со Грција. Непосредно пред да се донесе одлуката оваа недела, Франција соопшти дека сака да го реформира процесот на проширување на ЕУ. Оваа француска одлука „во пет до 12“ беше пречекана со скептицизам од дипломатите на ЕУ што го поддржуваат проширувањето, кои одлуката ја сметаат трик за да се одложи одлуката за отпочнувањето на преговорите со Македонија и Албанија.

Недемократските испади на Полска и Унгарија, заморот по грчката криза во еврозоната, како и сè пораширениот став дека Романија и Бугарија биле прерано примени во ЕУ, придонесоа за сомнежот во проширувањето на ЕУ кај некои од постарите членки на клубот, пишува Гардијан.

Треба да знаете
Последни објави