Search

Блогерка покажа како денес изгледа совршено женско тело

Блогерка покажа како денес изгледа совршено женско тело

Кејси Хо (31), фитнес-инструкторка од Лос Анџелес, со помош на „Фотошоп“ покажа како се менувал идеалот за женската убавина со текот на времето, од слаби до сензуални жени, кои не ги кријат своите раскошни облини. Таа вели дека го сторила тоа за да ги охрабри жените да не тежнеат кон медиумски наметнатите пропорции, туку да го сакаат своето тело токму онакво какво што им го дала природата.

„Понекогаш се гледам во огледалото и се прашувам како би изгледала кога би имала совршено тело, како оние што ги гледам во списанијата и на ‘Инстаграм’. Да не е 2018 година, како би изгледало моето идеално тело“, се прашуваше таа по објавувањето серија од шест обработени фотографии од нејзиното тело на својот блог.

Во времето во кое живееме сè повеќе се популарни големи задници и многу тенки половини, нов наметнат идеал за убавината што го пропагираат Ким Кардашјан, Ники Минаж и Амбер Роуз.

Треба да знаете
Последни објави