Search

„Блиц”: Вучиќ ќе му подари на Путин шарпланинец

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе му подари оригинален подарок на рускиот претседател Владимир Путин – куче шарпланинец, пишува „Блиц”.

Станува збор за тримесечен мажјак од оваа раса.

– Кучето е со сериозно педигре седум генерации наназад од нашата најстара автохтона раса, а се знае дека претседателот Путин токму такви сака, наведува „Блиц” од извори од Kабинетот.

Првпат претседател на Србија дава таков подарок.

Рускиот претседател  Путин утре ќе пристигне во официјална посета на Белград, каде ќе ја оствари 14-та средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави