Search

Блинкен во посета на повеќе јужноамерикански држави

Американскиот државен секретар Антони Блинкен со денешната посета на Колумбија ја почнува турнејата низ земјите од Јужна Америка, во време кога неколку клучни регионални сојузници неодамна избраа левичарски претседатели.

По Колумбија, Блинкен ќе ги посети Чиле и Перу.

Неговото патување започнува еден ден по тешките избори во првиот круг во Бразил, каде што гласачите се соочија со остар контраст помеѓу екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро и левичарскиот предизвикувач и поранешен претседател Луис Инасио Лула да Силва. На 30 октомври во Бразил ќе се одржи втор круг од претседателските избори.

И покрај шпекулациите дека Болсонаро можеби нема да прифати изборен пораз, Блинкен вчера изјави дека  САД ја делат „довербата на Бразил дека вториот круг ќе биде спроведен во истиот дух на мир и граѓанска должност”.

Турнејата на Блинкен, исто така, доаѓа по размената на затвореници меѓу САД и Венецуела, што го одразува внимателното затоплување и покрај фактот што Вашингтон никогаш не го призна спорниот реизбор на Николас Мадуро за претседател во 2018 година.

САД изминатиот период беа повеќе фокусирани на Азија и на војната во Украина.

Треба да знаете
Последни објави