Search

Близок соработник на Сулејмани убиен во заседа

Маскирани вооружени напаѓачи во заседа го убиле локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападен Иран, инаку соработник на Касим Сулејмани, ирански генерал кој неодамна беше убиен во напад на беспилотно летало во Багдад, јави иранската официјална новинска агенција ИРНА.

Убиениот командант, Абдолхосеин Моџадами, ги водел силите на „Басиџ“, паравоено крило на Револуционерната гарда, задолжено за внатрешна безбедност и други задачи, пренесе АП.

Тој бил застрелан пред неговата куќа во провинцијата Кузастан.

Двајца напаѓачи на мотоцикл, вооружени со пушки, му поставиле заседа на Моџадами, јави ИРНА.

Други ирански медиуми објавија дека напаѓачите ги покриле лицето со маски и дека биле испукани четири истрели.

Истрагата за случајот е во тек и мотивот за нападот засега не е јасен.

Треба да знаете
Последни објави