Search

Блејк Лајвли го избриша инстаграм-профилот и објави видеоклип

Убавата актерка Блејк Лајвли (32), сопруга на холивудскиот заводник Рајан Рејнолдс (43) со кого има три деца, го избриша својот профил на Инстаграм на изненадување на многумина.

Блејк и Рајан се познати по своите шеги на оваа социјална мрежа, меѓутоа сега сè исчезна, и фотографиите со децата, и шегите, и најавите за проекти … сè!

https://www.instagram.com/p/B2mUk2Fgcqa/

И тогаш, на целосно празниот профил, се појави видеоклип, поточно трејлер што го најавува нејзиниот нов филм „The rhythm section“, кој ќе се прикажува во јануари 2020 година, во кој Блејк ја игра главната улога.

Ова е еден од нејзините трикови на „Инстаграм“, со оглед на тоа што Блејк истото го направи и минатата година за промовирање на филмот „A Simle Favor“.

Треба да знаете
Последни објави