Search

Блер: Одложувањето на Брегзит е неизбежно

Откако договорот на премиерката Тереза Меј и ЕУ доживеа тежок пораз во британскиот парламент, поранешниот британски премиер Тони Блер рече дека одложувањето на Брегзит сега е неизбежно.

„Тоа практично е неизбежно…Да сум јас сега Владата, веќе би разговарал со Европа за условите за продолжување“ рекол Блер за Би-би-си.

Тој напоменува дека излегувањето на Британија од ЕУ без договор, значително ќе ѝ наштети на британската економија.

Меј ги повика лидерите на сите политички партии што побрзо да се состанат со неа, за да се обидат да изнајдат начин за излез од ќорсокакот, кога станува збор за Брегзит.

Треба да знаете
Последни објави