Search

„Блекпинк“ собра 100 милиони прегледи на Јутјуб во рекордно време

Јужнокорејскиот поп квартет „Блекпинк“ постави рекорд со музичко видео кое достигна 100 милиони прегледи на Јутјуб во најбрзо време.

Во неделата, спотот за песната How you like that беше отваран преку 100 милиони пати, или пресметано во време, околу 32 часа, по објавата.

Четиричлениот женски бенд го објави својот долгоочекуван нов сингл How You Like That, по нивниот последен хит Kill This Love од април 2019 година. Ова видео досега има преку 120 милиони прегледи.

YG Entertainment, компанијата што управува со „Блекпинк’, изјави дека новиот сингл е на врвот на табелата iTunes во 60 земји.

Треба да знаете
Последни објави