Search

Благица Ласовска избрана за претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница одлучи да ја стави Благица Ласовска за нова претседателка на Унијата на жени на партијата, а Тимчо Муцунски за Секретар за меѓународна соработка.

Ласовска до сега беше в.д Претседател, исто така е и поранешен Претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски е докторанд и асистент на Правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација. Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави