Search

Благајник во обложувачница украл 10.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Б.(39) од Делчево, информираше МВР.

Тој се товари за сторено кривично дело „затајување“.

На 07.08.2019 полициски службеници, при попис во спортска обложувалница во Делчево, констатирале дека пријавениот, вработен како благајник, противправно присвоил парични средства во износ од 650.000 денари, со што ја оштетил спортската обложувалница.

Треба да знаете
Последни објави