Search

„Би-би-си“: Може ли да има нова музика од Ејми Вајнхаус?

Во десетте години по смртта на Ејми Вајнхаус откриени се неколку нејзини необјавени песни за двата постхумни албуми Lioness и Amy, пишува британски „Би-би-си“ во статија по повод 10-годишнината од смртта на поп-ѕвездата со волшебен глас.

Но, се претпоставува дека поголемиот дел од материјалот што го снимила го нема, откако шефот на издавачката куќа Дејвид Џозеф ги уништи нејзините демо снимки за да спречи нивно експлоатирање.

„Тоа беше морална работа“, изјави тој за Билборд во 2015 година. „Нема им дозволам на други луѓе да ја завршат нејзината работа, тоа никогаш нема да се случи,“ рече тој тогаш.

Додека многу критичари ја поздравија неговата желба да го заштити наследството на Ејми, нејзиниот татко има поинакво гледиште.

„Тој е идиот“, изјави Мич Вајнхаус за „Би-би-си“ и додаде дека секако сака фановите да ги слушнат нејзините необјавени песни.

Тој вели дека сè уште може да има надеж, бидејќи семејството поседува некои нејзини снимки.

„Најдовме неколку парчиња, но тешко е затоа што ЦД-ата се малку расипани, но како и да е, ни кажаа дека можеби ќе можеме да спасиме нешто“.

„Можеби не е добро како Back to Back, но според она што го слушнав, од фрагментите што можеби ќе можеме да ги спасиме, добро е“.

Мајката на Ејми, Џенис Вајнхаус-Колинс дополни: “Ејми секогаш пееше. Таа секогаш пееше, постојано.“

Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година, на само 27 години, по долга и мачна битка со дрогата и алкохолот.

Треба да знаете
Последни објави